• Мартин Танасковски
Карабах може да биде задоволен со победата во Скопје над Шкендија (0-1), затоа што ова беше прв удар кон ривалот во битката за плеј-офот во Лигата на шампионите. Долгогодишниот тренер на екипата, Гурбан Гурбанов, кој цели осумнаесет години е на кормилото на азербејџанскиот гигант, пред медиумите говореше за изданието на неговиот тим.
„Прво сакам да им честитам на моите играчи кои се бореа до крај и играа силно. Многу е важно во вакви мечеви а биеш борбен до крај. Направивме некои грешки, ама многу ни беше важен резултатот на овој меч. Имам најдобри зборови за Шкендија, одиграа добар двомеч со ФЦСБ, ни ја отежнаа работата. Важна ни е победата, но во Баку мора да сме претпазливи, не смееме да дозволиме во Баку да биде мечот вака близу.“, изјави Гурбанов.
Реваншот меѓу Карабах и Шкендија се игра на 12 август од 18:00 часот во главниот град на Азербејџан. Победникот од овој двомеч во плеј-офот на ЛШ ќе игра со победникот од двомечот Лудогорец - Ференцварош, а поразениот оди во плеј-офот за ЛЕ каде игра со поразениот од споменатиот пар.









