• Иван Димовски
Фудбалерите на Манчестер Сити и Интер одиграа нерешени 0-0 во дербито на првото коло во новиот формат на Лигата на шампионите. Средбата на „Итихад“ понуди доста возбудувања, меѓутоа не и голови, па заврши со најнепопуларниот резултат.
Сити има за што да жали, а Пеп Гвардиола се држеше за глава во чудење во финишот. Илкај Гундоган во два наврати имаше „меч топки“ по нафрлувања и со глава. Тој беше небранет во двете ситуации, првиот пат биеше млако и Зомер одбрани, а во вториот обид шутна над голот.
- Промашувањата на Гундоган во финишот со Интер:
Англискиот првак беше подобра екипа на теренот, меѓутоа и Интер имаше свои моменти во Манчестер. Ремито на крајот беше реален исход според случувањата на теренот.