Гулу: Доаѓам во голем клуб, Шкупи ќе стане шампион во ПМФЛ

И покрај тоа што се наближува почетокот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), екипата на Шкупи не застанува со екипирање на својот тим.

Од денес амбициозните чаирчани се посилни за младиот турски талент Фират Гулу, кој во тимот доаѓа од редовите на Галатасарај. По потпишувањето на договорот 19-годишниот фудбалер не го криеше задоволството што во иднина ќе ги брани боите на Шкупи и најави атак на шампионската титула во мак-фудбалот.

„Сакам да им се заблагодарам на раководството на Шкупи што ми ја дадоа оваа можност да играм за овој клуб. Свесен сум дека дојдов во голем клуб со одлични навивачи. Се надевам дека во новата сезона со помош на „Шверцери“ ќе ја оствариме зацртаната цел и ќе станеме шампион во ПМФЛ“, рече младиот фудбалер. 

Гулу со чаирчани потпиша тригодишен договор, а своето официјално деби би можел да го има за една седмица, кога Шкупи го чека дуел со големиот ривал Шкендија, во рамки од првото коло на ПМФЛ.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.