• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалер Бесар Гуџуфи повеќе не е член на албански Партизани, откако предвреме го раскина договорот со клубот од Тирана.
Иако неговиот договор важеше до летото 2029 година, двете страни постигнаа договор за прекин на соработката, па офанзивецот сега е слободен играч и ќе може без обештетување да избере нова средина.
Гуџуфи во Партизани пристигна во јануари 2025 година од редовите на Шкупи, а во изминатиот период го носеше дресот на еден од најпознатите албански клубови.

