Гуџуфи доаѓа во првиот тим на Бешикташ со петгодишен договор!

Македонскиот фудбалер Бесар Гуџуфи од следната сезона ќе биде со првиот тим на Бешикташ, информацијата ја сподели Мурат Озен од Турција.

17-годишниот македонски фудбалер поради правилата затоа што уште не е полнолетен не можеше да потпише професионален договор со екипата и слично како што Елмас беше со Фенербахче, така и Гуџуфи играше во У19-тимот на Бешикташ.

Но, турскиот гигант сериозно гледа на македонскиот фудбалски талент, па од следната сезона тој ќе биде со првиот тим. Гуџуфи наскоро ќе биде промовиран како дел од сениорската екипа, а за тоа ќе добие петгодишен договор.

„Бешикташ го има македонскиот фудбалер Бесар Гуџуфи. Полни 18 години на 29 мај, па така, петгодишниот договор кој ќе го потпише ќе биде презентиран во првата седмица од јуни“, изјави Озен.

Гуџуфи во тимот на Бешикташ пристигна во 2021 година од струмичка Беласица. Претходно, тој настапуваше и во екипата на Вардар.