Гудвин импресионирам од Миовски: Тој е неверојатен откако дојде во Абердин

Македонскиот голгетер Бојан Миовски игра во страшна форма во дресот на Абердин и со пет постигнати гола моментално е прв стрелец во шкотската Премиер лига.

Младиот напаѓач во победата над Ливингстон постигна два нови гола за новиот клуб и повторно доби пофалби од менаџерот Џим Гудвин

„Миовски е извонреден откако дојде. Понекогаш на странците им треба подолго време за да се прилагодат на друга земја, на друга култура. Но тој е сензационален, не само на натпреварите, туку и на тренинзите. Бојан е неверојатен“, вели Гудвин.

Формата на Миовски го радува и македонскиот селектор Благоја Милевски, бидејќи нашата селекција ја чека два клучни натпревари во Лигата на нации против Грузија и Бугарија.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.