ВИДЕО: Гудјуфи херој, Македонија У17 по пресврт во финишот пак ја совлада БиХ

Македонската фудбалска селекција до 17 години запиша уште еден триунф на гостувањето во Босна и Херцеговина. Нашите надежи, предводени од селекторот Дараган Канатларовски и во вториот тест-натпревар беа поуспешни од надежите на БиХ, овој пат извојувајќи победа од минимални 2-3. На првиот меѓусебен натпревар Македонија славеше со 1-3.

  • Головите од натпреварот: 

Ако на првиот натпревар нашите фудбалери на рутински начин стигнаа до успех, денес по многу тешки услови за игра, нова победа запишаа по неверојатен пресврт во самиот финиш.

Стојановски уште во 4. минута го отвори резултатот, по што на самиот старт на вториот дел домаќините постигнаа два гола и го презедоа водството, но избраниците на Канатларовски не се предадоа. 

Херој на натпреварот беше Гудјуфи кој најпрво во 78. минута израмни на 2-2, додека во 85. минута донесе „црвено-жолта“ радости и победа на Македонија од 2-3.