ВИДЕО: Гудиаби со ЕВРО-ГОЛ го запечати опстанокот на Пелистер во ПМФЛ

Екипата на Пелистер и официјално и следната сезона ќе игра во ПМФЛ, откако „зелено-белите“ во денешниот натпревар со директниот конкурент за опстанок Академија Пандев преку пресвт стигнаа до сигурна победа од 3-1 (1-1).

Иако пелистерци со проблеми го започнаа денешниот меч, во клучните моменти на сцена стапи зимското засилување Гудиаби, кој најправо двапати асистираше за голови на Маневски и Илијоски, додека во 73. минута со нов супер-гол од далечина стави печат на победата и опстанокот на својот тим.

  • Атрактивниот гол на Гудиаби против Академија Пандев:

За 26-годишниот напаѓач од Сенегал, денешниот погодок беше трет во дресот на Пелистер и единствено Маневски, кој има пет гола, е подобар стрелец од него оваа пролет во редовите на битолчани.