Гуцев се раздели со Силекс и ќе игра во косовската Суперлига

Еден од подобрите фудбалери на Силекс, Благој Гуцев се одлучи за интернационален трансфер и во идната сезона ќе настапува во косовскиот шампионат. 

Откако му истече договорот со кратовчани, Гуцев одбил неколку понуди од македонски и грчки клубови и реши да премине во редовите на косовскиот прволигаш Трепча од Митровица.

Гуцев со Трепча потпиша едногодишен договор и стана вториот македонски фудбалер по Борче Маневски кој ПМФЛ ова лето ја замени со косовскиот шампионат.

28-годишниот играч за врска својата кариера ја започна во струмичка Беласица, а пред да премине во Силекс, настапуваше и за кичевски Велазрими.