• Зоран Мишевски
Фудбалска Грузија се наоѓа во еуфорија како што беше Македонија пред повеќе од три години.
Премиерот на оваа земја, Иракли Кобахиџе одлучи фудбалските репрезентативци да добијат „Орден“ на честа за пласман на Европското првенство во 2024 година.
„Го чекав овој ден триесет години како навивач на мојата репрезентација. Овие момци се херои и хероите треба да се ценат. Ова се најчесните луѓе и затоа донесовме мала одлука - нашите фудбалери ќе бидат одликувани со Орден на честа, сите! – напиша Кобахиџе на социјалните мрежи.
Грузија синоќа за првпат избори учество на Европско фудбалско првенство со победата по изведување на пенали против Грција. На Европското првенство, Грузија ќе игра во група со Португалија, Чешка и Турција.