ВИДЕО: Грузија преку пенал-рулетот до прво историско учество на ЕП

Репрезентацијата на Грузија за првпат во историјата ќе настапи на Европско првенство во фудбал, откако вечерва беше подобра од селекцијата на Грција по подобро изведување пенали со 4-2. Натпреварот во регуларното време заврши со почетните 0-0, а во пенал-рулетот среќата беше на страната на домашниот тим. 

  • Извештај од натпреварот: 

Натпреварот изобилуваше со физички снажна и динамична игра на двете страни, но двете селекции беа исклучително внимателни, не си дозволуваа премногу да ризикуваат пред својот гол. Квича Кварацкелија беше неколку пати беше во силен налет и се обидуваше да ги разигра своите соиграчи, но и Грција делуваше стабилно во дефанзивата која беше предводена од Цимикас и Мавропанос. 

На паузата останаа почетните 0-0, а во текот на регуларното време публиката просведочи само еден удар во рамките на голот, и тоа од домашната селекција. Се чинеше дека Грузија малку повеќе мисли на офанзивата, додека Грците повеќе се обидуваа да го загрозат домашниот гол преку контра напади. Во завршните минути играта комплетно се разгоре, но сепак до крајот резултатот не се промени и мечот мораше да замине во продолженија. 

Грузија започна со посилен ритам во продолженијата и создаде две солидни прилики, но не успеа да дојде до рано водство. Цимикас направи неколку грешки во дефанзивата и може да биде среќен што домаќините не го отворија резултатот во овие моменти. 

Грција потоа малку се охрабри и тргна посилно кон голот, а тоа резултираше со удар во пречката од Мавропанос, кој за малку ќе ги замолкнеше сите 60.000 домашни навивачи. Само две минути подоцна, истиот играч направи кардинална грешка, но Грузија не успеа да го искористи моментот и мрежите останаа во мирување. 

И второто продолжение не донесе премногу возбуда, па победникот мораше да биде решен во пенал-рулетот. Грција не успеа да реализира два удари од единаесет метри, а херој на Грузијците беше Ника Квеквескири, кој го погоди последниот пенал и ги фрли во транс домашните навивачи. 

Грузија чекаше долго за првото учество на континенталните собири и конечно го оствари најголемиот успех во историјата на фудбалската репрезентација. 

Состави

Вили Сањол

3-4-3

    Ivan Jovanovic

    4-3-3