Грузија пак „мина“ на младинското ЕП, Украина прва во четвртфинале

Фудбалската репрезентација на Грузија до 21 година пак остана непоразена. Тимот одигра 2-2 против Белгија и така гледа кон следната фаза на Европското првенство (ЕП) за младинци кое се игра во Романија и Грузија.

Домаќинот во Тбилиси режира кам-бек со Белгијците. Иако губеа со два гола, фудбалерите на Грузија У21 ниеднаш не се откажаа пред својата публика. Белгија како фаворит имаше 0-2 на паузата со головите на Де Кујпер и Рамазани во 15. и 38. минута, ама Грузија У21 дојде до бод откако стрелаа Цитаишвили и Гулиашвили во вториот дел. Така, Грузија е лидер во групата со четири бода, пред Белгија и Холандија со по два, а Португалија има еден бод.

„Европските Бразилци“ - Португалија У21, го освоија првиот бод на еврособирот во мечот со Холандија У21 (1-1). Португалците поведоа во 20. минута преку Алмеида, а конечниот резултат го постави Броби на десет минути пред финишот на дуелот во Тбилиси.

На третиот натпревар Украина У21 ја победи Романија (1-0) и со две победи на два меча веќе е во четвртфиналето. Важниот гол за репрезентацијата падна во 89. минута кога Дикан си постигна несреќен автогол.