ВИДЕО: Грузија нè казни – Миовски несреќно ја стресе сопствената мрежа!

Фудбалерите на Македонија доминираа и притискаа во првите 35 минути на „Динамо Арена“ против Грузија, меѓутоа откако не ги реализираа своите шанси, пристигна казната на спротивната страна. 

Откако Грузијците ја имаа првата вистинска шанса со удар откосо и изнудија атрактивна парада на Столе Димитриевски, голот падна од корнерот по неа во 35. минута. Квича Кварашкелија упати незгодна полувисока топка низ петерецот, а наместо свој соиграч го погоди Бојан Миовски и топката се одби во мрежата.

  • Автоголот на Бојан Миовски против Грузија:  

Иако Грузија до овој момент немаше ниту една шанса и беше целосно резервирана, успеа да дојде до предност пред паузата против Македонија. 

Состави

Благоја Милевски

4-4-2