Грузија му пресуди на Шаланде, Косово му врачи отказ на селекторот

Фудбалската федерација на Косово одлучи да му врачи отказ на селекторот Бернард Шаланде. 

Искусниот 70-годишен стручњак ја водеше оваа селекција од 2018 година, создаде компактен тим кој се надигруваше со доста посилни ривали. Сепак, по последниот пораз од Грузија (1-2) во квалификациите за Светското првенство, челниците на сојузот решија дека е време за промени. Самиот Швајцарец изјави дека е разочаран, бидејќи бил среќен и задоволен на позицијата. 

„Разочаран сум со оваа одлука. Јас бев среќен тука и со мојата позиција. Сепак, задоволен сум со тоа што го направив, но и тажен, бидејќи уживав да работам со овие фудбалери и соработници“, изјави Шаланде. 

Швакцарецот беше на клупата на Косово во полуфиналниот дуел во Лигата на нациите во Скопје, кога неговите избраници загубија од Македонија (2-1). Мислењето на јавноста е променливо, бидејќи токму по поразот во Скопје бараа негова смена, а сега повеќето како да ја увидоа грешката и сметаат дека отказот е погрешна одлука.