Сензација на ЕУ У21: Грузија ја исфрли Холандија и заедно со Португалија оди во четвртфинале!

Фудбалските репрезентации на Грузија и Португалија се пласираа во четвртфиналето на Европското првенство до 21 година. Грузијците одиграа реми како победа против Холандија (1-1) и ги израдуваа полните трибини на „Борис Паичадѕе“ во Тбилиси. Иако важеа за аутсајдер во екстремно квалитетната група, Грузијците над сите очекувања завршија како првопласирани, откако ја совладаа Португалија, а ремизираа со Белгија и Холандија.

На денешниот натпревар домаќините кои играа како номинални гости беа во подредена улога, „лалињата“ имаа повеќе иницијатива. Водство донесе Давиташвили, по одличен соло-продор во 42. минута, а потоа во шестата од судиското надополнување Тејлор израмни на 1-1. Иако Холандија се обиде да се врати, немаше сили за кам-бек, па на крајот мечот финишира со големо грузиско славје.

Директен дуел за место во четвртфиналето играа и Португалците со Белгија и го добија со 2-1 (0-0). Само победа ѝ одеше од рака на Португалија на овој дуел, поведе на стартот на вториот дел преку Невес, меѓутоа бргу Вертесен израмни на 1-1. Одлучувачкиот погодок падна во 89. минута кога Дантас го реализира пеналот и ја испрати својата селекција понатаму. 

Грузија сензационално е прва во групата со пет бода, Португалија има еден помалку, Французите се со три, а Белгија е последна со два.