ВИДЕО: Грузија избори финале и чека на Македонија или Косово

Грузија

Само еден погодок ѝ беше доволен на Грузија да се пласира во финалето од плеј-офот во Лигата на нации, победувајќи ја Белорусија на домашен терен (1-0).

  • Извештај од натпреварот: 

Се играше седмата минута кога мечот беше одлучен. Дефанзивецот на Белорусите, Николаи Золотов, невнимателно стартуваше врз Торнике Окриашвили и донесе најстрога казна за домаќинот. Истата ја реализира човекот врз кого беше направен прекршокот, за рано водство на избраниците на Владимир Вајс.

Гостите направија јалови обиди да се вратат во игра, но не беа доволно квалитетни и креативни за да ја надмудрат одбраната на Грузија. Фаворитот на овој натпревар одлично ја контролираше играта и без многу проблеми го задржа минималниот резултат.

Подстрелов и неговиот удар над голот на Лориа беше најсериозната закана која Белорусија ја испрати. Тоа беше далеку од она што беше потребно за позитивен резултат на ваков важен дуел.

Противник на грузиската репрезентација ќе биде подобриот од вечерашниот дуел меѓу Македонија и Косово.