Грузија доминираше 90 минути, но не најде решение за одбраната на Естонија

Фудбалската селекција на Грузија иако беше голем фаворит против Естонија не успеа со победа да ја заврши втората сезона во Лигата на нации, откако во Тбилиси не најде решение за цврстата одбрана на „фенерџијата“ во групата и одигра само 0-0. 

Грузијците имаа целосна доминација во текот на сите 90 минути, дури 68% од натпреварот топката беше во нивните нозе, но тоа не успеаја да го преточат во заслужена победа. 

Со тоа, домашната селекција која пред една седмица ја совладавме во големото финале од првата сезона во Лигата на нации и обезбедивме историски пласман на следното Европско првенство, испушти шанса да се искачи на втората позиција на табелата во нашата група, за сметка на Македонија, која ќе паднеше на третото место. 

Според добрите познавачи на грузискиот фудбал, доведено е во прашање и останувањето на селекторот, Владимир Вајс. 

Нашите избраници вечерва го запишаа првиот овогодишен пораз и не успеаја да ја сочуваат лидерската позиција на табелата, па во следната сезона на Лигата на нации во Лигата Б ќе игра селекцијата на Ерменија.