ВИДЕО: Грузија без Кварацкелија до второ историско бараж-финале за ЕП

Репрезентацијата на Грузија по вторпат во својата историја дојде до еден чекор од пласман на Европското првенство, откако славеше на домашен терен со конечни 2-0 (1-0) против селекцијата на Луксембург

Домаќините играа без првата ѕвезда, Квича Кварацкелија, но успеаја да извојуваат важна победа со која обезбедија пласман во бараж-финалето за континенталниот собир во Германија. Избраниците на Вили Сањол постојано го притискаа гостинот во првите 45 минути и беа многу подобар противник, а наградата пристигна во 41. минута, кога Буду Зивзивадзе го отвори резултатот и обезбеди минимално водство за својот тим на паузата (1-0).

Луксембург тргна во храбар налет на почетокот од вториот дел и заигра поконкретно во нападот. Гостите имаа одлична шанса во 53. минута и постигнаа гол за 1-1, но ВАР собата сигнализираше прекршок за црвен картон и одеднаш настана пресврт во корист на домаќините. Жерсон Родригез постигна убав гол за 1-1, но истиот беше поништен и судијата покажа црвен картон за неговиот соиграч Максим Шанот

После овој мини-трилер, Грузија го задржа водството, а потоа и ја запечати победата со вториот гол на Зивзивадзе, кој беше прецизен во 64. минута. Имаа домашните играчи најмалку шест-седум одлични шанси, но резултатот на крајот остана 2-0. 

Откако беше поразена од Македонија во бараж-финалето за Еуро 2020, Грузија повторно ќе има шанса за овој исчекор и во последниот меч ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Грција и Казахстан

Состави

Вили Сањол

3-4-3

    Luc Holtz

    5-3-2