Групната фаза без изненадувања, познати четвтфиналињата на У21 шампионатот

Веќе се познати сите репрезентации кои обезбедија пласман во четвртфиналето на младинското Европско првенство кое се одржува во Словачка. 

После возбудливата групна фаза, вкупно осум тимови прогресираа во главната рунда, а таму ќе имаме навистина интересни пресметки кои ветуваат спектакуларен фудбал. 

Португалија ќе се соочи со Холандија во Жилина на 21 јуни во 18:00 часот, а три часа подоцна во Трнава силите ќе ги одмерат Шпанија и Англија. 

Следниот ден во 18:00 часот ќе го проследиме дуелот на Данска и Франција, кои ќе се сретнат во Прешов, а четвртфиналната фаза ќе ја затворат Германија и Италија, со мечот кој ќе се одигра во Дунајска Стреда во 21:00 часот.