ГРУПА Д: Последна шанса за Меси, Хрватска со големи амбиции замина за Русија

Група Д

Аргентина

Судејќи по квалификациите фудбалската селекција на Аргентина тешко дека ќе може да им парира на најдобрите репрезентации на светот, особено со најголемите ривали, но кога во тимот го имаш еден Лионел Меси, тогаш не е фудбалски да го отпишеш тој тим.

Овој планетарен собир дефинитивно е последната надеж за ѕвездата на Барселона за успех со својата репрезентација, но искрено Аргентина во квалификациите делува доста ужасно. Сите знаеме дека селекторот Сампаоли мора да ја скоцка тактиката околу Меси, а во втор план има неверојатни играчи како што се Ди Марија, Дибала, Агуеро, Игуаин... За разлика од последниот Мундијал од пред четири години сега „гаучосите“ имаат далеку поголемо искуство во дефанзивата, не не можат да се пофалат со квалитетен среден ред, особено не со позициите кои се наменети за организација на играта. 

Судејќи по квалификациите и по настаните во селекцијата, Аргентина можеби не заслужува место меѓу најголемите фаворити за освојувањето на трофејот, бидејќи повеќе има скапи имиња, отколку вистински тим. 

Исланд

Според многумина учеството на Исланд на СП во Русија е големо изненадување, но избраниците на Халмгримсон во квалификациите  одиграа доста мудро и заслужено ќе бидат дел од најголемиот фудбалски настап во годината. 

Играта на Исланѓани речиси и да не е применета од пред две години, кога на ЕП во Франција ја елиминираа големата Англија и со тоа беа најпријатното изненадување. Нивната игра се базира на многу трчање, организирано и дисциплинирано се поставени во одбраната, а својата шанса ја чекаат преку контра нападите и евентуалните прекини. Воглавно Исланд игра формација 4-4-2, со многу брза трансформација од одбрана во напад, а според аналитичарите тимскиот дух кој е повеќе од присутен во оваа селекција може повторно да биде клучен за успех на овој Мундијал. 

Нигерија 

Кога ќе се спомне селекцијата на Нигерија, сигурно постарите фудбалски фанови ќе се навратат на СП 1994 година во САД. Тогаш оваа африканска репрезентација ги освои симпатиите на неутралните фанови и беше големо изненадување, но за разлика од тогаш, денешната селекцијата не може да се пофали со толку квалитет. 

На тој собир во САД, Нигерија имаше фантастични играчи како Окоча, Амокачи, Бабангида, Џорџ, Олисех, Кану, а сега цела игра се сведи само на неколку играчи, а тие се Ихеаначо, Ивоби, Мозез и ветеранот Оби Микел. 

Оваа селекцијата е позната по брзата и едноставна игра во офанзивата, но дефинитивно одбраната ѝ е под сите очекувана и токму ранливата дефанзива може да биде пресудна за понатамошниот пласман во Русија. 

Хрватска

Втората европска земја во оваа група е селекцијата на Хрватска, која заедно со Аргентина најверојатно ќе се бори за првото место и „поповолен“ ривал во елиминационата фаза. 

„Коцкестите“ и на овој собир имаат тим составен од големи имиња кои на хартија се фантастични, играат во големи клубови, но кога заедно ќе истрчаат на терени никако не можат да се синхронизираат и да делуваат импресивно. 

Селекторот Златко Делиќ во составот има играчи од светска класа, основа се искусните Модриќ и Ракитиќ, а тука се и Манџукиќ, Перишиќ, Брозовиќ и Ковачиќ. Според очекувањата играта на Делиќ ќе се заснова на крилните позиции, односно на  одлична соработка на Модриќ и Ракитиќ со офанзивниот дел. Што се однесува до дефанзивата столб на одбраната треба да биде фудбалерот на Ливерпул, Ловрен, а нему друштво ќе му правата искусните Вида и Чорлука. 

Според играчкиот кадар Хрватска дефинитивно има најдобар тим во групата по Аргентина, а дали тоа ќе го покаже на терен ќе видеме на претстојните натпревари. 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:
сабота, јуни 16 (15.00 часот): Аргентина – Исланд
сабота, јуни 16 (21.00 часот): Хрватска -  Нигерија
четврток, јуни 21 (20.00 часот): Хрватска - Аргентина
петок, јуни 22 (17.00 часот): Нигерија – Исланд
петок, јуни 26 (20.00 часот): Нигерија - Аргентина 
петок, јуни 26 (20.00 часот): Хрватска - Исланд