Група А: „Азурите“ се први фаворити, другите во втор план

Европското првенство (ЕП) за првпат во историјата ќе се игра низ единаесет различни земји и на него ќе учествуваат 24 репрезентации, меѓу нив и нашиот национален тим - Македонија. Во следните денови следи презентација на сите групи, а денес на програмата е групата „А“ во која играат репрезентациите на Турција, Италија, Швајцарија и Велс.

Мечевите од оваа група ќе се играат на „Олимпико“ во Рим, Италија и „Олимпискиот стадион“ во Баку, Азербејџан. Во продолжение, прочитајте ги сите информации кои ви се потребни за екипите.

ТУРЦИЈА: ЧАЛХАНОГЛУ ДИРИГЕНТ, ЈИЛМАЗ ЕГЗЕКУТОР

По години мачење, Турците пак доаѓаат на ЕП. Искусниот стручњак Шенол Гунеш собра репрезентација која на Европското првенство може да биде пријатно изненадување. Пред 13 години Турција играше полуфинале на континенталниот шампионат, сега сака барем да ја мине групната фаза.

Капитен на селекцијата е неуништливиот Бурак Јилмас кој живее втора младост во Лил. Неговите голови им помогнаа на „догите“ сензационално да дојдат до титулата во Франција. Популарниот „Император“ има 35 години, но Холанѓаните добро го паметат од крајот на март оваа година кога им даде три гола во квалификациите за Мундијалот во Катар.

На средината на теренот идеен лидер е играчот за врска на Милан, Хакан Чалханоглу, а помош ќе има од Озан Туфан од Фенербахче. Силата на Турците е и одбраната во која се фудбалерите кои ги бранат боите на водечките клубови во најсилните пет лиги. Стоперскиот тандем би требало да го сочинуваат Мерих Демирал од Јувентус и Чалгар Сојунџу од Лестер, а алтернатива е талентираниот дефанзивец на Ливерпул, Озан Кабак.

Од тие кои ги нема на списокот за ЕП поради повреди, најзвучно име е напаѓачот на Евертон на позајмица во Бешикташ, Ченк Тосун.

ПРВА ЗВЕЗДА: ХАКАН ЧАЛХАНОГЛУ

Јилмас игра во животна форма, но прва ѕвезда на селекцијата е луцидниот играч Хакан Чалханоглу, еден од најдобрите фудбалери на Милан. Во претходниот шампионат на Серија А, постигна четири гола и имаше десет асистенции. Тој е во најдобрите години (27), а добри игри на Европското првенство би можеле да му донесат голем трансфер ова лето.

СЕЛЕКТОР: ШЕНОЛ ЃУНЕШ

Искусниот стручњак ги препороди Турците пред две години кога се врати на селекторското место по деценија и пол. Гунеш изврши смена на генерации, со Бешикташ два пати беше шампион на Турција. Во првиот мандат на клупата на репрезентацијата го исполни најголемиот успех во историјата, третото место на Светското првенство во Јужна Кореа и Јапонија 2002 година.

МОЖЕН ТИМ (4-2-3-1): Чакир – Челик, Сојунџу, Демирал, Мераш – Јокушлу, Туфан – Чалханоглу, Караман, Јазичи – Јилмаз

ИТАЛИЈА: „АЗУРИТЕ“ СЕ НОВИТЕ „ЕВРОПСКИ БРАЗИЛЦИ“

Кога во друштво, во обложувалница или гостилница зборуваме за најсериозните фаворити на претстојното Европско првенство, најчесто се спомнуваат имињата на Франција, Белгија, Германија, Шпанија, Португалија... На Италија речиси никој и не помислува.

Тоа не е случајно така. Одамна „азурите“ го загубија угледот, ретко кој и понатаму им се плаши, просто нема причина за тоа. Ги нема повеќе ниту оние мајстори на фудбалот како Франческо Тоти, Андреа Пирло, Паоло Малдини, Алесандро Деп Пјеро... Момците кои сега се водат како ѕвезди на Италија во славните времиња не би биле ниту на клупата. Секоја чест на исклучоци, секако.

За тоа се свесни и во Италија. Затоа натурализираа многу играчи. Во оваа репрезентација има дури три фудбалери од Бразил – Емерсон, Жоржињо и Рафаел Толои. Така „азурите“ станаа наследници на поранешна Југославија како „новите европски Бразилци“, само од потполно поинаква причина. Особено „чкрипи“ во одбраната, каде што и понатаму најдобри играчи се Леонардо Бонучи и Џорџо Кјелини. Нападот колку-толку и понатаму изгледа сериозно, барем за тие високи дострели. Лоренцо Инсиње, Чиро Имобиле и Андреа Белоти имаат осет да извлечат гол од ништо. Се очекува избраниците на Роберто Манчини без проблеми да ја минат групата, но прашање е колку можат во елиминациската фаза. Постарите на таа констатација ќе си помислат: „Сепак, тоа се Италијанци“...

ГЛАВНА ЅВЕЗДА: ЏАНЛУИЏИ ДОНАРУМА

Италијанската школа на голмани и понатаму го чува стариот сјај. Нема потреба „азурите“ да го држат Џанлуиџи Буфон до пензија бидејќи има млади сили. Пред сите, 22-годишниот Џанлуиџи Донарума. Одличниот голман со партиите во дресот на Милан привлече огромно внимание на себе. Бидејќи ова лето му истече договорот, речиси немаше италијански тим кој не го контактираше. Бранеше оваа сезона на 48 натпревари за „росонерите“, а мрежата ја одбрани на 15. Веќе собра 25 настапи за Италија и без дилема е еден од најсилните адути на Манчини.

СЕЛЕКТОР: РОБЕРТО МАНЧИНИ

Некогашниот тренер на Лацио, Фиорентина, Интер, Манчестер Сити, Галатасарај и Зенит, на клупата на „азурите“ е од мај, 2018 година. Фактот дека го продолжи договорот до 2026 доволно зборува за тоа колку во сојузот се задоволни со неговата работа. До стартот на подготовките ја водеше екипата на 29 натпревари, запиша 20 победи, седум ремија и само два порази. Од тимот на Манчини подобри беа само Португалија во Лигата на нациите и Франција во пријателска средба.

МОЖЕН ТИМ (4-3-3): Донарума – Флоренци, Бонучи, Кјелини, Емерсон – Пелегрини, Жоржињо, Барела – Инсиње, Имобиле, Киеза

ШВАЈЦАРИЈА: РАБОТНИЦИ, ВОЈНИЦИ И ЃАВОЛСКИ Е ТЕШКО ДА СЕ ПОБЕДАТ

Тоа што Гранит Џака е прва ѕвезда на оваа репрезентација, а Владимир Петковиќ селектор веќе седум години доволно зборува за карактерот на Швајцарија. Тие се редовен учесник на големите натпреваруања последните години, ја минуваат и групната фаза, но им недостига големиот исчекор да ја пробијат бариерата на осминафиналето. Швајцарија тесно испаѓаше од рамноправни селекции како Полска и Шведска, а ова лето може да биде поинаку.

Никој нема тие целосно да надиграат, но доволно се искусна и компактна екипа да знаат да ја контролираат ситуацијата и тешко е да се пробијат кога ќе поведат и ќе прејдат од формација 3-4-1-2 во 5-2-1-2.

На костурот на екипата (Сомер, Шер, Родригез, Џака, Шакири, Сеферовиќ и Мехмеди) во последните години им се приклучија Аканжи, Фројлер, Емболо и формиран е целосен тим. Тука има и квалитетни млади играчи како Мбабу, Закариа, Соу и Варгас кои можат да бидат тајно оружје.

Воиграноста, рутината и подреденоста на системот ја прават Швајцарија многу опасен тим кој може на многумина да им ги помати сметките.

ПРВА ЅВЕЗДА: ГРАНИТ ЏАКА

Можеби Џердан Шакири е меѓу омилените за швајцарските навивачи, но Гранит Џака е прв капитен и лидер на екипата, моторот и срцето на тимот. Иако во Арсенал често има осцилации во формата, за репрезентацијата секогаш игра на високо ниво и држи константа на која селекторот може да се потпре. Ова првенство ќе му биде посебно бидејќи по него би можел да направи трансфер.

СЕЛЕКТОР: ВЛАДИМИР ПЕТКОВИЌ

Иако имаше „тенка“ играчка кариера во поранешна Југославија, во 1987 година се пресели во Швајцарија каде што играше во второлигаши, студираше право и работеше во хуманитарни организации. Ја започна тренерската кариера во нисколигашот Белинцона и чекор по чекор дојде до Јанг Бојс кој го водеше три години. Сезона и пол го предводеше Лацио пред да ја преземе клупата на Швајцарија во летото 2014 година и остана на кормилото до денес. На претходните две големи натпреварувања ја доведе Швајцарија до осминафиналето.

МОЖЕН ТИМ (3-4-1-2): Зомер – Елведи, Шер, Аканџи – Мбабу, Фројлер, Џака, Родригез – Шаќири – Сеферовиќ, Емболо

ВЕЛС: НИ АНГЛИЧАНИ, НИ ШКОТИ

Велшаните се островска екипа која не може да се пофали со индивидуалниот квалитет каков што го поседуваат Англичаните. Не дека немаат добри поединци, но тоа обично не е доволно за да имаат значителен успех. Исто така, не можат да се пофалат со лудиот борбен дух што ги краси Шкотите, кој знае како да донесе резултати против подобрите противници. Некако се недоречени, се потпираат премногу на еден човек (Герет Бејл) и прекинуваат. А, тоа како да не им беше доволно, па имаа голем стрес поради селекторот Рајан Гигс, кој беше уапсен во ноември за напад врз неговата девојка и нејзина пријателка, па неговиот помошник Роб Пејџ, кој сè уште зборува за привремено решение, го презеде раководството на тимот.

Од друга страна, „змејовите“ можат да се пофалат дека се најмалата нација што стигна до полуфиналето на Европското првенство: Во 2016 година, загубија од Португалија со 2:0, а на патот до тој успех беа подобри од фаворизираната Белгија (3:1), како и Северна Ирска, додека групната фаза  ја завршија пред Англичаните, Словаците и Русите. Иако и сега се во тешка група, би било погрешно ако се отпишат однапред.

Проценетата вредност на Герет Бејл е 18.000 евра, што е скоро шест пати помалку отколку што Реал Мадрид му плати на Тотенхем

Пет репрезентативци на Велс даде тимот кој се натпреварува во Чемпионшип, Кардиф, повеќе од кој било друг клуб.

ГЛАВНА ЅВЕЗДА: ГЕРЕТ БЕЈЛ

Зад големиот Герет Бејл стојат две бледи сезони. Прво, Реал даде сè од себе да го избрка, а кога се пресели во Тотенхем, не успеа да го најде вистинскиот јазик со Жозе Мурињо и проработи само кога Португалецот замина (шест гола на исто толку натпревари). Во исто време, тој се мачеше со повредите, а одговорноста што ја има во националниот тим може да биде преголем товар.

СЕЛЕКТОР: РОБ ПЕЈЏ

Поранешниот велшки репрезентативец веројатно е најголемата енигма на оваа селекција. Поранешниот дефанзивец на Вотфорд, Шефилд Јунајтед, Кардиф и уште неколку други клубови одеднаш доби можност да ги предводи „змејовите“, но со него на клупата Велс запиша две победи во ЛН, што му го донесе првото место во групата. Досега Пејџ покажа дека знае како да го смири тимот во тешки моменти.

МОЖЕН ТИМ (3-4-2-1): Ворд - Мефам, Родон, Лоренс - К. Робертс, Ален, Ремзи, Дејвис - Бејл, Џејмс - Вилсон