Грујоски го доби дербито во Струмица, Мечкаровски на центарот во Тетово

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) преку ждрепка ги одреди судиите за претстојното 17. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Дерби-дуелот меѓу Академија Пандев и Вардар му припадна на Александар Грујоски од Кичево, додека второто дерби меѓу Шкендија и Шкупи во Тетово ќе го води Димитар Мечкаровски.

На центарот на Арената „Тоше Проески“, на дуелот Работнички - Силекс, правдата ќе ја дели Јован Качевски, а во Велес, на натпреварот меѓу Борец и Ренова главен ќе биде Марјан Младеновски.

Единствениот натпревар кој се игра в сабота, меѓу Македонија ЃП и Струга Трим Љум ќе го суди Крумислав Ѓорѓиев.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 18 10 6 2 28:11 17 36
2 ШкендијаШкендија 1 18 8 4 6 30:13 17 28
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 18 7 6 5 19:15 4 27
4 СилексСилекс 18 8 3 7 21:20 1 27
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 18 6 8 4 21:18 3 26
6 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 18 6 6 6 18:22 -4 24
7 ШкупиШкупи 18 5 7 6 20:21 -1 22
8 БорецБорец 18 5 5 8 14:26 -12 20
9 РеноваРенова 18 5 4 9 17:30 -13 19
10 РаботничкиРаботнички 18 4 3 11 16:28 -12 15