Грујоски го доби дербито на „Чаир“, Пилешков делегиран на Гостивар и Вардар

Се враќаат возбудувањата во клупскиот фудбал. Викендов на програмата е петтото коло од Првата македонска фудбалска лига, а во него сите шест натпревари се закажани во ист термин. 

Ќе се игра в недела, со три натпревари во Скопје, а по еден во Струмица, Охрид и Битола. Фудбалската федерација на Македонија веќе ги делегира официјалните лица за натпреварите. 

Дербито на „Чаир“ меѓу Шкупи и Шкендија го доби Александар Грујоски, на Гостивар и Вардар им беше делегиран Димитар Пилешков, а најдобриот наш судија со помошниците патува во Битола.

  • Делегираните судии за натпреварите од петтото коло: 

Шкупи - Шкендија (Александар Грујоски, Кичево)
Гостивар - Вардар (Димитар Пилешков, Штип)
Работнички - Тиквеш (Фуркан Идризи, Тетово)
Воска Спорт - Силекс (Стојанче Трпчевски, Кавадарци)
Брера Струмица - Беса 1976 (Александар Василевски, Скопје)
Пелистер - Струга Трим Љум (Александар Ставрев, Скопје)

Натпреварите од петтата рунда на македонскиот елитен шампионат ќе се одиграат в недела од 15:00 часот.