Грубата игра против Македонија ќе ги чини тројца албански фудбалери настап против Шпанија

Дуелот помеѓу Македонија и Албанија помина според очекуваните најави, со фер однесување во и надвор од теренот. Сепак, албанските репрезентативци беа за нијанса погруби во нивните стартови, што резултираше со доделување на четири жолти картони, по два во секое полувреме.

Ваквите одлуки на главниот судија ги остави тројца албански репрезентативци без право на настап на следниот квалификациски меч против Шпанија, поради бројот на картони. Се работи за Кукели, Маврај и Роши, кои на нивна голема жал нема да имаат можност да настапат против една од најдобрите селекции во светот.

Кристијан Панучи, селекторот на Албанија ќе има потешкотии да го состави првиот тим, кој наредниот месец ќе излезе на мегдан против Иско, Асенсио и останатите членови на „црвената фурија“.