• Мартин Танасковски

Томче Гроздановски и официјално е нов член на Пелистер од Битола. 25-годишниот фудбалер за врска се враќа во мак-фудбалот откако во првата полусезона беше дел од романска Конкордиа. По потписот со „зелените“, тој ги сподели импресиите.
„Пелистер е голем клуб со богата традиција и верна публика и чест ми е што ќе го носам овој дрес. Атмосферата овие денови е одлична, се чувствува позитивна енергија и мотив кај сите во клубот. Дел од играчите веќе ги познавам, а останатите ме примија одлично, што многу ми значи. Моите очекувања се да дадам максимум на секој тренинг и натпревар и заедно со тимот да ги исполниме целите на клубот.“
Со пелистерци сега фудбалерот кој има и еден настап во сениорската репрезентација на Македонија потпиша договор до крајот на сезоната.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.





