Грозданоски по една сезона ја напушти Победа

22-годишниот напаѓач на Победа, Дарко Грозданоски го напушти прилепскиот второлигаш и пак е слободен фудбалер. Тој во Победа дојде од Силекс, чиј играч беше неполни две години, а настапуваше и на позајмица во Тиквеш од Кавадарци.

Станува збор за млад но веќе афирмиран фудбалер кој минал низ младинската школа на Црвена Звезда, Чукарички и БСК Белград.

Неколку македонски прволигаши и второлигаши се заинтересирани за Грозданоски, кој наскоро ќе го објави името на својот нов клуб. Прилепска Победа уште не ги дефинирала плановите за новата сезона, во која ќе се обиде да се издигне и да се вмеша во борбата за врвот во источната група на Втората лига.