Гросо отпуштен, Лион ќе добие трет тренер за само четири месеци

Францускиот фудбалски гигант Лион, кој по тринаесет одиграни кола е на последното место, му врачи отказ на тренерот Фабио Гросо, што е веќе втора тренерска смена во клубот оваа сезона.

Гросо кон средината на септември на клупата на Лион го замени Лоран Блан, кој освои само еден бод во првите четири кола, но на девет натпревари под водство на италијанскиот стручњак, Лион забележа само една победа, три нерешени и пет порази, па сè уште е на дното на табелата со самоседум бодови. 

Последниот натпревар на Гросо на клупата на поранешниот редовен учесник во Лигата на шампионите беше против Лил на домашен терен, кој заврши со победа на гостите од 0-2.

Ова е петта тренерска смена во Лион во последните четири години, а оваа нестабилност произлегува од лидерската криза во клубот по доаѓањето на новиот сопственик, Американецот Џон Текстор, кој го смени најуспешниот претседател во историјата на клубот, Жан Мишел Олас.