• Зоран Мишевски
Култниот италијански клуб Сасуоло пак ќе игра во елитната категорија. По едногодишно отсуство малиот клу од Реџо Емилија обезбедија враќање во Серија А. На пет кола до крајот на сезоната во Серија Б, Сасусоло стекна недостижна предност во однос на ривалите.
Предводен од клупата од Фабио Гросо, Сасуоло има недостижни 16 бода предност пред третопласираната Специја. Директен пласман во Серија А ќе изборат најдобрите две екипи од Серија Б, а екипите од третото до шестото место ќе играат плеј-оф и потоа ќе биде познат и третиот патник во најфисокиот ранг на италијанскиот фудбал.
Оваа сезона Гросо го предводи тимот до 23. победи и само четири порази во Серија Б.
Пласман во Серија А може да избори и второпласираната Пиза, предводена од уште еден поранешен италијански репрезентативец Филипо Инзаги. Пиза има седум бода предност пред Специја.