ВИДЕО: Гројтер поведе, ама Баерн се налути и го декласира аутсајдерот

Фудбалерите на Баерн Минхен се вратија на победите по два натпревари пауза и на својата „Алијанц Арена“ се радуваа против Гројтер Фирт со 4-1 (0-1). Дуелот од 23. коло на Бундеслигата понуди водство на аутсајдерот на полувреме, но потоа и четири гола во нивната мрежа и дебакл. 

  • Извештај од натпреварот: 

Иако Баварците доминираа уште од стартот, Гројтер Фирт одлично се бранеше и не дозволи да се загрози нивната мрежа. На крајот на првото полувреме Бранимир Хргота успеа да го отвори резултатот и гостинот да поведе, откако со гол директно од слободен удар погоди за 0-1. 

Само три минути игра во вториот дел му беа потребни на гигантот да се врати. Роберт Левандовски се најде на вистинското место и погоди по одбиена топка за 1-1 иако голот беше проверуван во ВАР собата. Баерн притисна и тоа резултираше со нов погодок во мрежата на Гројтер Фирт. Себастиен Грисбек сам погоди во својот гол за пресврт и водство на домаќинот (2-1) во 62. минута. 

Роберт Левандовски одново го запиша своето име меѓу стрелците во последните десет минути од дуелот, а конечните 4-1 во судиското продолжение ги постави Ерик Максим Чупо-Мотинг. 

Состави

Јулијан Нагелсман

4-1-4-1

    Stefan Leitl

    4-4-2