„Гробари“ направија огромна штета на „Маракана“, еве што велат проценките

Црвена Звезда со убедливи 3-0 го доби вечното дерби против Партизан, но натпреварот на стадионот „Маракана“ ќе остане запаметен по сериозниот инцидент на трибините.

За време на средбата избувна пожар на јужната трибина, каде што се сместени навивачите на Партизан, познати како Гробари. Огнот брзо се проширил, по што интервенирале и пожарникарските служби за да ја стават ситуацијата под контрола.

Епилогот е голема материјална штета. Дел од столчињата се целосно уништени, а јужната трибина е значително оштетена. Според првичните проценки, штетата изнесува околу 200.000 евра.

Медиумите во Србија наведуваат дека станува збор за најголемата материјална штета досега забележана во пресметките меѓу двата најголеми ривали во српскиот фудбал.