Грнев: Брегалница ќе игра чесно и коректно во борбата за баражот

Со победата над Борец со 1-0, штипска Брегалница сама зависи околу борбата за втората позиција во ВМФЛ-Исток. Штипјани имаат незгодно гостување кај Беласица, која ќе се сретне и со Борец, па струмичани се директен судија во борбата за второто место.

Сепак, фудбалерите на Брегалница и тренерот Емил Грнев сметаат дека веќе исполниле голем дел од предвиденото со победата во неделата над велешани и чесно ќе играат и во последните 180 минути од регуларниот дел на сезоната во Втората лига.

„Задоволен сум од моите фудбалери и одиграното. Имаме млада екипа, чиј просек е 22 години и со помош на искусните Илиев, Наумов, Митров и Велковски формираме една хомогена целина. Ќе играме чесно и коректно и ќе се обидеме да се избориме за баражот“, истакна Грнев.

Овој млад фудбалски стручњак ја врати самодовербата во штипскиот второлигаш и Брегалница се издигна оваа пролет до мртва трка со Борец за втората позиција веднаш зад Борец. Грнев беше на усовршување во Наполи и работата под Исарот е за него прв професионален ангажман.