Гризман за вториот гол: Тој удар го видов од Меси, па решив да го копирам! 

Во отсуство на Лионел Меси, Луис Суарез и Осман Дембеле, екипата на Барселона без многу проблеми ја запиша првата победа во новата сезона на Примера

Пред своите гледачи со убедливи 5-2 беше совладан тимот на Бетис, а прва ѕвезда на мечот беше новото засилување Антоан Гризман, кој беше творец на два гола, од кој еден на велемајсторски начин. 

„Вториот гол? Таков гол постигна Меси на тренинг, па реков да го копирам и успеав. Среќен сум на победата, пред се заради големите критики по поразот во првото коло. Направивме голем исчекор, а оваа победа е резултат на одличниот тимски дух кој владее кај нас“, рече Гризман. 

Покрај францускиот ас за Барселона головите ги постигнаа уште Видал, Жорди Алба и Перез, додека за Бетис „стрелаа“ Фекир и Лоран Морон.