Гризман стана трет најдобар стрелец во историјата на Атлетико

Гризман

Францускиот репрезентативец Антоан Гризман постигна два гола и донесе голем триумф за Атлетико Мадрид на гостувањето кај Бетис.

Напаѓачот, кој прифати да се врати во мадридскиот клуб, реализира во клучни моменти од мечот на „Бенито Виљамарин“. Тоа донесе радост за тимот на Диего Симеоне, кој се осамостои на третата позиција.

Напаѓачот на мадриѓани со двата гола се искачи на вечната листа стрелци на клубот. Сега тој стои на третото место со 147 погодоци. Пред него се Луис Арагонес со 172 и Адриан Ескудеро со 169 гола.

Репрезентативецот на Франција првпат го облече дресот на Атлетико во 2014 година.

Состави

Мануел Пелегрини

4-2-3-1

    Диего Симеоне

    4-4-2