„Гризман се плаши од Меси, едно човече од метар и половина со аутизам..?“

Дугари

Кристоф Дугари одново ја шокира јавноста со своето мислење околу моменталната ситуација во Барселона. 

Изненадувачки за фановите беа зборовите на поранешниот француски репрезентативец во однос на тешкиот период низ кој минува неговиот сонародник Антоан Гризман. Очигледно, тој смета дека напаѓачот мора да биде погласен во соблекувалната на Каталонците.

„Од кого се плаши Гризман? Од човече од метар и половина со аутизам? Во еден момент мислам дека треба да покаже заби и да има свој категоричен став“, изјави Дугари.

Според Французинот, Гризман треба да разговара со Меси и да ги реши проблемите, а смета дека Сетиен нема квалитети да води тим како Барса.

„Сетиен не е на потребното ниво за да биде дел од голема екипа. Можеби прерано доби доверба за да ја води Барселона“, заврши поранешната ѕвезда на Милан и Олимпик Марсеј.

Своевремено и 48-годишникот го носеше каталонскиот дрес, одигра една сезона, откако си замина од Милан во 1997 година.