Гризман пред заминување од Барса, Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати бараната сума

Антоан Гризман на голема врата минатото лето пристигна во редовите на Барселона, но во новата средина не се снајде најдобро, па многу веројатно по само една година ќе го напушти шпанскиот шампион.

Барем така тврдат неколку шпански медиуми. Истите откриваат дека Гризман веќе е пречкртан и доколку некој понуди сто милиони евра (20 помалку отколку што доби Атлетико Мадрид), ќе може да ги добие услугите на светскиот шампион од Мундијалот во Русија пред две години.

За Гризман во овој момент има неколку заинтересирани клубови, а за најсериозен кандидат се споменува Манчестер Јунајтед, кој за ова лето подготвува голем ремонт на своите редови.

„На „Олд Трафорд“ се одлучни да го доведат Гризман и се подготвени да ги ја платат бараната сума на Барселона“, пишуваат шпанските медиуми. 

Заминувањето на Гризман од Барселона ќе зависи и од враќањето на Нејмар на „Камп Ноу“, затоа што доколку Бразилецот повторно го облече дресот на Барса, за Гризман нема да има место во првиот тим на Каталонците.