„Гризман не знае да игра фудбал во дресот на Барселона“

Гризман

Антоан Гризман одново доби шанса од клупата на дуелот со Реал Мадрид. Францускиот напаѓач целосно ја загуби довербата кај Роналд Куман, кој во него не гледа како прва опција во нападот.

Ансу Фати го започна дербито за Барселона, а Французинот во завршницата доби задолжение да избори реми. Додека беше на теренот не направи многу и покажа форма која е непрепознатлива и спротивна од онаа која што ја има во дресот на својата репрезентација.

Легендарниот дефанзивец Биксент Лизаразу даде најточен коментар за играта на својот сонародник.

„Тој веќе не знае како да игра фудбал кога го носи дресот на Барселона. Големата криза во самодовербата е очигледна, тој е одличен фудбалер, но веќе не знае каде му е местото“, изјави Лизаразу.

Учинокот на Гризман сигурно нема да му донесе преговори за продолжение на тековниот договор.