ВИДЕО: Гризман ја удри „стотката“, Атлетико ја освои Баскија

Екипата на Атлетико Мадрид го скрши малерот и по четири натпревари го победи Атлетик Билбао (0-1). Така, тимот на Чоло Симеоне ја презеде третата позиција од ривалот и застана веднаш зад Реал Мадрид и Барселона.

Еден гол го одлучи натпреварот на „Сан Мамеш“ во Баскија, а беше дело на Антоан Гризман. Францускиот крилен напаѓач реализира во второто полувреме, во 47. минута, по асистенција на Алваро Мората и така го постигна јубилејниот 100. гол во Ла Лига.

Претходно, Алваро Мората се запиша во листата на стрелците во првиот дел кога погоди уште во 10. минута, ама погодокот беше поништен поради офсајд со ВАР-технологијата.

За Атлетико Мадрид ова беше шеста победа по девет одиграни натпревари. Следниот меч за „јорганџиите“ е против Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски.

Состави

Ernesto Valverde

4-2-3-1

    Диего Симеоне

    4-4-2