Гризман го откри својот идол: Заради него носам дрес со долги ракави, тој беше господин!

Антоан Гризман од вчера и официјално стана најголемото засилување на Барселона ова лето. Светскиот шампион со Франција од пред една година, за сума од 120 милиони евра ги засили редовите на каталонскиот гигант и по пет години се раздели од Атлетико Мадрид

На вчерашната официјална промоција Гризман ги искажа своите први импресии од овој премин и откри зошто секогаш носи дресови со долги ракави.

„Кога бев мал татко ми ме учеше дека возовите не минуваат само еднаш. Сега е време за нов предизвик и нова средина. Конечно нашите патишта се вкрстија. Боите на Барселона ќе ги бранам најдобро што можам и умеам. Сега е наше време. Зошто носам дресови со долги ракави? Тоа е поради Бекам. Тој тоа го правеше и тој е мој идол. Беше господин на теренот, но и надвор од него и тоа најмногу ми се допаѓа“, рече Гризман.

Атлетико Мадрид не можеше да го задржи својот ас и во следната сезона, затоа што Барса ја исплати откупната клаузула, но најавиле тужба кон Барселона, затоа што наводно со играчот преговарале пред јули, а тоа значи дека Каталонците требале да платат 200 милиони.