ВИДЕО: Гризман ги казни промашувањата, Атлетико го „скрши“ Рајо и Димитриевски

Седум дена по поразот од Реал Мадрид, Атлетико Мадрид доби едно мадридско дерби, откако во Ваљекас го совлада Рајо Ваљекано со 0-1 (0-1). Нашиот Димитриевски ги одигра сите 90 минути и повторно беше на висината на задачата.

Рајо започна повлечено, но без разлика што ја немаше топката често во нозете, креираше поопасни шанси. Раул де Томас двапати биеше од дистанца, но Јан Облак одлично интервенираше. Нападот на „јорганџиите“ Гризман – Мората не се ни закани по голот на Димитриевски, па нашиот голман во првиот дел немаше ниту една интервенција.

Словенечкиот голман и во вториот дел имаше полни раце работа и пак му одбрани зицер на Раул де Томас. И кога нема да се искористат шансите, следеше казна. По еден центаршут кон Мората, домашната одбрана не ја расчисти опасноста и Гризман инстиктивно реагираше и со прецизен удар го совлада Столе Димитиевски. Нашиот голман во 82. минута му одбрани зицер на Мората и спречи поубедлива победа на момците на Симеоне.

Атлетико Мадрид со минимален труд стигна до максимален ефект и пак изби на второто место, сега со два бода повеќе од Реал Мадрид кој утре го игра својот натпревар од 24. коло против Џирона.