ФОТО: Гризман е „Persona non grata“ во Мадрид - еве ја пораката на навивачите на Атлетико

Антоан Гризман

Долгомесечната сапуница конечно доби разврска ова лето. Антоан Гризман исфорсира трансфер надвор од Атлетико Мадрид и ја засили Барселона.

Каталонците за него платија 120 милиони, а навивачите на „јорганџиите“ не го заборавија овој потег на Французинот. Вчера напаѓачот на Барса беше дел од мечот на „Ванда Метрополитано“, каде очекувано беше навредуван, а доби и јасна порака од трибините.

„Сакаше да добиеш име, а заборави да бидеш човек“ , пишуваше на транспарентот.

Во тековната сезона, 28-годишниот голгетер има четири гола во Примера и само еден во Лигата на шампионите.