ВИДЕО: Гризман даде гол директно од корнер, Атлетико слави кај Бетис

Фудбалерите на Атлетико Мадрид триумфираа на незгодото гостување на „Бенито Виљамарин“ кај Бетис со 1-2 (0-0) во дуел од 11. коло на шпанската Примера. Екипата која ја предводи Чоло Симеоне, предводена од Антоан Гризман, го сруши ривалот и се врати на победите. 

  • Бетис - Атлетико Мадрид 1-2: 

Првиот дел мина во тактичко надмудрување на двајцата тренери, првата закана ја имаше Енрике за Бетис со удар над голот, додека до паузата се обиде и Гвардадо, чиј удар го скроти Облак. Иако домашните беа поконкретни во првиот дел, не прикажаа премногу во продолжението. 

Откако на стартот од вториот дел Луис Енрике даде гол кој беше поништен, по девет минути игра во продолжението, Антоан Гризман стапи на сцена. Францускиот фудбалер, кој неодамна беше откупен од Барселона, изведе корнер од десната напаѓачка страна, нафрли полувисоко со многу ефе, а топката сврте и заврши во мрежата за 0-1. Веќе во 71. минута Гризман и вторпат стрелаше на „Бенито Виљамарин“. Напаѓачот на Атлетико доби топка од Куња и откосо погоди за 0-2. 

Во завршницата Бетис целосно притисна, се закануваа Борха Иглесиас и Круз, пред Набил Фекир со гол директно од слободен удар да намали на 1-2 во 84. минута. До крајот на натпреварот Риубал и Морено имаа добри шанси, се тресеше и пречката од голот на Облак, ама Атлетико „преживеа“ и запиша победа. 

  • Еспањол - Елче 2-2: 

„Фенерџијата“ Елче откина бод на гостувањето кај Еспањол (2-2). Пуадо и Брајтвајт ги постигнаа головите за домашната екипа, а Миља и Верду погодија за гостите.

Состави

Мануел Пелегрини

4-2-3-1

    Диего Симеоне

    4-4-2