ВИДЕО: Грилиш провоцирал, па со „телохранители“ помина низ микс-зоната!

Англискиот репрезентативец Џек Грилиш се најде во центарот на скандал по синоќешниот натпревар помеѓу Манчестер Сити и Флуминенсе, бидејќи сите дознаа како тој ги провоцирал играчите на бразилскиот клуб. Поради ова дојде до физичка пресметка на теренот, а потоа фудбалерите на Сити решија да се пошегуваат при напуштањето на стадионот.

Првиот планетарен трофеј на „граѓаните“ на еден начин остана во сенка она што се случуваше кога судијата досуди крај. Тогаш Фелипе Мело физички го нападна Грилиш, а во одбрана на Англичанецот застана Кајл Вокер и за среќа страстите брзо се смирија.

На никого не му беше јасно што се случило и зошто играчите на Флуминенсе се упатија кон Грилиш, но по натпреварот се дозна како Англичанецот ги провоцирал противниците. На Англичанецот ова не му е првпат да се однесува вака кон противниците, за што и претходно беше критикуван. Но, очигледно нема намера да се менува.

Кога се смирија емоциите и откако на играчите на Сити им беше врачен трофејот за светски првак, тие решија да се пошегуваат со Грилиш, но и со новинарите кои ги чекаа во микс зоната за да дадат изјави.

Новинарите го чекаа Грилиш да го прашаат што се случило, но тој го напушти стадионот придружуван од играчите на Сити, кои му беа телохранители и се шегуваа за сè што се случуваше на теренот.

Негови телохранители беа Халанд, Бернардо Силва и Рубен Диас, со што дополнително ги налутија присутните новинари.

Состави

Fernando Diniz

4-2-3-1