Грилиш: Навивачите ме „преплавија“ со пораки, Евертон беше мојата единствена желба!

Новиот фудбалер на Евертон, Џек Грилиш, ја даде првата изјава откако потпиша договор со Евертон и рече дека во последно време негова најголема желба бил токму клубот од Ливерпул

Грилиш денес премина од Сити во Евертон на позајмица до крајот на сезоната и претставува шесто засилување на клубот од Ливерпул во летниот преоден рок.

Тој изјави дека разговорите со тренерот Дејвид Мојес биле пресудни за неговата одлука да се пресели на стадионот Хил Дикинсон.

„Пресреќен сум што потпишав за Евертон - ова за мене е огромна чекор. Одличен клуб со фантастични навивачи. Веднаш штом разговарав со тренерот, знаев дека постои само едно место каде што сакам да бидам.

Навивачите на Евертон ме преплавија со пораки на социјалните мрежи, така што и тоа е дел од приказната и уште една причина зошто го избрав Евертон. Сакам да им се заблагодарам на навивачите за сите пораки што веќе ги добив.

Ви благодарам за љубовта и поддршката. Се надевам дека ќе можам да ви вратам – сигурен сум дека ќе успеам“, додаде Грилиш.

Тој би можел да дебитира за Евертон во понеделник, на натпреварот против Лидс во првото коло од Премиер лигата.

ФОТО/PHOTO: Everton Football Club/Facebook

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.