Грилиш има нова дестинација, но останува во Премиер лигата?

Управата на англискиот премиерлигаш Евертон доставила понуда за едногодишна позајмица на фудбалерот на Манчестер Сити, Џек Грилиш. 

Информацијата ја потврдија англиски и американски медиуми, кои тврдат дека преговорите се во напредна фаза и многу наскоро Грилиш би можел да биде претставен како големо засилување за „карамелите“. 

Тимот на Дејвид Мојс сигурно ќе добие поголема ротација во средината, а и Грилиш ќе има голема минутажа, нешто што му недостасува во таборот на „граѓаните“. Во дресот на Сити освои седум трофеи и постигна 17 голови на вкупно 157 одиграни натпревари. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.