• Мартин Танасковски
Екипата на Манчестер Сити очекувано славеше над Селфорд Сити (8-0) и се пласира во следната фаза на англискиот ФА Куп.
Гвардиола на терен испрати комбиниран тим, но и тоа не беше пречка да се дојде до посакуваниот резултат. Овој меч го одбележа Џек Грилиш, англискиот репрезентативец кој го прекина голгетерскиот пост и постигна погодок по 392 дена.
Плејмејкерот реализира од пенал во 49. минута, доби и честитки од соиграчите. Останатите голови на мечот беа дело на Мекате кој даде хет-трик, Доку погоди двапати, како и на Мубама и О'Рејли кои еднаш се запишаа во листата на стрелците.
- Извештај од натпреварот:
Манчестер Сити својот противник ќе го дознае на ждрепка која ќе се одржи наскоро.