• Иван Димовски
Сите фудбалски натпревари од првенствата на Грција ќе се играат пред празни трибини. Ова е последната одлука која ја донесе фудбалскиот сојуз во земјата, по бројните нереди и хулиганизмот.
Сè до 12 февруари сите средби ќе се играат без присуство на публика, а потврда на ова даде портпаролот на владата, Павлос Маринакис, кој кажа:
„Сите натпревари во Грција ќе се играат без присуство на публика до 12 февруари. Целта е да се запре насилството кое го следи грчкиот фудбал“.
Иако последните нереди се случија по одбојкарски натпревар, сепак се работи за пред сè фудбалска публика на најголемите клубови. Грчките хулигани сè почесто ги користат натпреварите во „помалите спортови“ поради тоа што има помал број обезбедување, а таму имаат судири со своите ривали.