ВИДЕО: Грците им продадоа холандска акција на „копјаниците“ - мајсторски гол на Акпом

Грчкиот шампион ПАОК му придаде холандски гол со прекрасна акција со кратки пасови на првакот на Ередивизие, Ајакс. „Копјаниците“ почнаа одлично, поведоа со голот на Зијеч, имаа преку 70% посед, но неа полуконтра скапо ги чинеше.

Прекрасната акција за израмнувачкиот гол на ПАОК:

 

Бисесвар повлече, Јанулис од левата страна центрираше по земја, а Чуба Акпом со реакција на врвен напаѓач го матира Онана за 1-1 по половина час на „Тумба“ во Солун. 

Но, тоа не беше сè од домашните фудбалери во првиот дел. По само седум минути игра Леонардо ја натскока гостинската одбрана и со прецизен удар со глава донесе нова голема радост за домашните фанови и водство на својот тим од 2-1.

Голот на Леонардо Матос за предност на ПАОК: 

Ако беа малку поприсебни Грците ќе постигнеа уште некој гол, бидејќи Онана со две интервенции ја спаси својата екипа во финишот на првиот дел.