• Олимпијакос со рекорд: 15 од 15 и максимални 45 бода

    Олимпијакос за време на викендот победи во дуелот со Калонис со 2-0 во гости, и со тоа ја забележа рекордната 15. последователна победа од почетокот на сезоната во грчкото фудбалско првенство.   Шампионот од Пиреја има најдобар старт на сезона во историјата на најсилната грчка лига и води со максимални 45 бода, дури 18 поени повеќе од АЕК Атина, кој денес го пречекува Левадијакос. 

  • Повторно прекин во грчкиот фудбал: Фудбалерите ќе штрајкуваат

    Грчките фудбалери од следната недела ќе започнат со штрајк, изјави синдикатот на Грчкиот професионален фудбал (ПСАП). Грчкиот фудбалски сојуз (ЕПО) и двете водечки лиги, Супер лига и Фудбалска лига, не го испочитуваа договорот постигнат пред две години, според кој треба да се направи посебен фонд за помош на фудбалери, кои добиле дозвола да го напуштат тимот кој се соочува со финансиски проблеми, се вели во соопштението на ПСАП. Ники Волос и ОФИ Крит минатата сезона се исфрлени од Супер лигата заради финансиски проблеми, а многу фудбалери ги напуштија клубовите, за кои настапуваа, бидејќи не им се исплаќало плата.

  • Грците сонуваат за нов Рехагел: Михаел Скибе е новата надеж

    Германскиот стратег, Михаел Скибе е нов селектор на грчката репрезентација. Некогашниот предводник на Борусија Дортмунд, Шалке 04 и Галатасарај е четвртиот тренер кој застана на клупата на нашиот јужен сосед оваа година.  

Pages