ВИДЕО: Грција минимално ја совлада Естонија, Луксембург пресилен за Молдавија

Селекциите на Грција и Луксембург успешно ги започнаа настапите во Лигата на нации, откако славеа победи против Естонија, односно Молдавија.

Репрезентацијата на Грција во рамките на првото коло од Лига Ц на гостински терен ја совлада Естонија со 0-1 (0-1). Грција беше подобар ривал во текот на целиот натпревар, иако мечот беше тврд и без некоја убава игра. Стрелец на победничкиот погодок беше Костас Фортунис во 14. минута, по одличната асистенција од Митроглу. Во наредното коло Грција ќе игра против Унгарија на гости, а Естонија оди на гости во Финска.

Луксембург по успехот на Дуделанж на клупски план, реди успеси и на репрезентативно ниво, откако на домашен терен во рамките на Лига Д ја совлада Молдавија со 4-0 (1-0). Луксембуржаните поведоа со голот на Малгет во 34. минута, на 2-0 во 59. минута зголеми Тили. До крајот погодија Синани и Мартинс за конечна победа од 4-0. Следен предизвик за Луксембург во Лигата на нации е дуелот против Сан Марино, а Молдавија ќе игра против Белорусија.

УЕФА Лига на нации, Лига Ц, Гр. 2
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ФинскаФинска 6 4 0 2 5:3 2 12
2 УнгаријаУнгарија 1 6 3 1 2 9:6 3 10
3 ГрцијаГрција 1 6 3 0 3 4:5 -1 9
4 ЕстонијаЕстонија 6 1 1 4 4:8 -4 4