• Мартин Танасковски
Грчки Олимпијакос само двапати не беше на тронот во последните дванаесет години во фудбалот кај нашиот јужен сосед, а оваа сезона е една од највозбудливите затоа што шампионската трка не била никогаш поинтересна.
На осум кола до крајот, четири екипи се во игра за тронот во табелата кај плеј-офот. АЕК повторно изби на првото место со големата победа над ПАОК во Солун (1-0) со голот на Араухо во 80. минута, а Панатинаикос го загуби врвот откако промаши пенал во Атина против Волос.
Олимпијакос, вечниот владетел на грчкиот фудбал, водеше против Арис со 2-0, но ја прокоцка предноста, мечот заврши 2-2 и така падна на третата позиција на табелата. Веднаш зад гигантите во грчкиот фудбал се наоѓа солунски ПАОК.
Ситуацијата на табелата е следна: АЕК Атина е прв со 63 бода, пред Панатинаикос со 63 бода, трет е актуелниот првак Олимпијакос со 60 бода, додека четвртиот ПАОК има 57 бода. Едно е сигурно - Грција ќе „гори“ до финишот на шампионската трка до мај!